Doenje ili adaptirano mleko

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Doenje ili adaptirano mleko

Пишување  Admin on Вто Ное 27, 2007 10:59 am

Повеќето мајки се во состојба да го дојат бебето и тоа има безброј предности над вештачката исхрана. Некој стручњак рекол дека мајчиното млеко е за бебињата, а кравјото млеко за телињата. Со извесна резерва ова тврдење е точно, иако денес кравјото млеко е изменето до таа мера што е прифатливо и за бебињата. А истотака и многу готови препарати успешно го заменуваат мајчиното млеко.
Но, сеуште доењето има многу предности. Иако е усовршен начинот на припремање на вештачкото млеко, бебињата имаат помалку проблеми со мајчиното млеко отколку со вештачката храна. Освен тоа доењето е наједноставниот начин за хранење. Со доењето скратувате од времето за припремање, миење, стерилизација итн. Нема ладење, загревање ниту за добивање на млекото. Обично доаѓа во правилен сооднос, и во соодветна количина за добар раст на вашето бебе.
Доењето и истотака практичен и за таткото кој нема да мора да стане навечер и да го храни бебето. Уште една предност на доењето е тоа што тоа е здраво за мајката. Неосновани се претпоставките дека со доењето ќе и наштетите на вашата фигура. Секоја телесна промена е последица на раѓањето не на доењето.
Можеби најважен од се сите овие физички предности, е психолошката вредност на доењето. За многу мајки доењето претставува задоволство. Нема побрз начин за меѓусебно запознавање со вашето бебе. И нема ниту една друга работа која наjбрзо 'e go смири вашето бебе.
avatar
Admin
Admin

Број на мислења : 13
Registration date : 2007-11-26

Преглед на профилот на членот http://majka.4umer.net

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот