Posle poroduvanjeto

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Posle poroduvanjeto

Пишување  Admin on Вто Ное 27, 2007 10:51 am

Сега сте тројца. Многу аспекти од вашата врска стојат на прагот на промените. Дури и односот со останатите членови од семејството и пријателите ќе се промени. Накои парови кои немаат деца ќе го сметаат чудно тоа што сте толку преокупирани со своето бебе и тоа може дури да го промени вашето пријателство и социјален живот. И шетањето по улица со бебето е исто така ново искуство. Луѓето сакаат да ве запрат за му се восхитуваат на вашето бебе. Тоа понекогаш може да ви годи, но понекогаш би можело и да ви пречи.
Ќе имате многу малку време за себе и помалку енергија за вашата врска. Интимноста може да ви претставува тешкотија. Важноста на комуникацијата, разбирањето и прифаќањето на новата ситуација е само по себе тешко и стресно! Потсетете се дека со бебето сé е „само фаза“ и дека работите се менуваат многу брзо!
Искористете ја секоја прилика да се одморите. Искористете ја добрата страна на дремката. Нека партнерот го нахрани бебето среде ноќ со шишенце млекото кое вие претходно сте го исцедиле од вашите гради.
Не се обвинувајте себе или вашиот партнер: животот во овој период е и онака тежок! Заморот и иритираноста лесно можат да ве одведат до бројни караници. Од друга страна и бегањето од ваквите ситуации е лошо и може да ја ослабне вашата врска, токму кога таа треба да е најсилна.
Бидете интимни со својот партнер, иако не сте расположени за секс: барем гушкајте се, бакнувајте се или милувајте се. Ова ќе ве утеши обајцата и набргу и ќе ви ја врати желбата за секс.
Најдете време да се забавувате со партнерот. Викнете бебиситерка и излезете на вечера, во кино или посетете ги пријателите.

......vasite cuvstva i emocii posle poroduvanjeto

Admin
Admin

Број на мислења : 13
Registration date : 2007-11-26

Преглед на профилот на членот http://majka.4umer.net

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот